Злато за Ива, бронза за Иво Сандеви на Топ Тирана опен (ФОТО)

Такевондо клубот Феникс Кик од Скопје викендов со тројца натпреварувачи на Меѓународен турнир „Топ Тирана опен“, освои еден златен и еден бронзен медал. 

Кадетката Ива Сандева (-51 кг) ја продолжува низата на освојување на златни медали. Таа до медалот дојде со две 2 победи. Иво Сандев (кадет, -45 кг) го освои бронзениот медал со две победи и пораз во полуфиналето.
Пионерот Лука Ангелов (-33 кг) за првпат настапи во А класа и забележа една победа и пораз, при што покажа каратер и желба за успех.
Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО