Златните Георгиевски и Мрчковски од „Милениум опен“ најавуваат бериќетна година!

Dejan Georgievski - TKD Butel na sofia open

Во последно време малдиот натпреварувач на Таеквондо клубот „Бутел“ од Скопје, Дејан Георгиевски, го привлекува внимаието на спорстката јавност со своите настапи. Неодмана на „Софија опен“ го освои златниот медал во јуниорска конкуренциуја (А-класа), истиот успех го повтори и на „Милениум опен“ во Вршац, Србија. Или,на три меѓународни турнири за три месеци има биланс од два златни медали и еден сребрен.Dejan Georgeivski na Milenium

На турнирот во Вршац имаше две борби во кои беше мошне убедлив. Во правта славеше со 6-0, а во втората го победи шампионот на Србија во апсолутна категорија со златен поен.

Од ТДК Бутел истакнуваат дека тој раноти напорно и ја темпира формата за Европското јуниорско првенство, што ќе се одржи кон крајот на оваа година во Литванија. За да биде во топ форма за ЕП планирано е тој да настапи на уште неколку силни меѓународни турнири.

Уште еден натпреварувач на ТДК Бутел се истакна на „Милениум опен“, тоа е Ненад Мрчковски, кој освои златен медал со четири добиени борби, а во финалето го победи противникот од Србија (ТДК Галеб, кој се смета за најдобар клуб кај соседите). Мрчковски беше прогласен за најдобар кадет на турнирот.

Nenad Mrckovski

Ова може да ги радува селекторите на репрезентациите, бидејќи таеквондистите покажуваат добра форма, која може да резултира на ЕП.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО