Алистер Оверим го направи невозможното: Му се јави на Жуниор дош Сантош!

Алистер Оверим
Алистер Оверим

Алистер Оверим го направи тоа што малкумина можеа да и да го poмислат- го телефонски го повика Жуниор дош Сантош!

 Холандскиот тешкаш во интервју за ABS – CBNNews објасни зошто го сака „Циганот“.

 „Лично, ако можам да бидам искрен, го сакам Жуниор дош Санто за противник. Тој нема закажано борба, јас, исто така, немам договорено меч. За две недели, веројатно, ќе се слушнам за нешто ова, но ако гледаме логички, тоа ќе биде мојот следен противник. Средбата со некој друг нема смисла“, рече Оверим и додаде: „Ќе го чекам потегот на УФЦ, но, што се однесува до мене, не гледам некој друг за противник. ЈДС е „gate keeper“, секој го знае тоа“.

 Алистер и Жуниор во 2012 година требаше да се борат за шампионската титула на УФЦ 146, но Холанѓанецот падна на допинг тест и беше заменет од страна на Френк Мир.

 Дана Вајт неодамна изјави дека би сакал да има средба Оверим – дош Сантош, но не знае дали таа идеја му се  допаѓа на Алистер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО