Златко Турковиќ го запамети Бобан Илиоски – му го скрши носот и триумфираше на „Трофејот на Белград“

Бобан Илиоски во негов стил триумфираше на „Трофејот на Белград“, го нокаутира во првата рунда
Златко Турковиќ од КБК Земун на свечената гала вечер.

Турковиќ ќе го памети Илиоски, затоа што му го скрши носот, па судијата мораше да ја прекине борбата.

Во првата борба славеше исто така со прекин,но во втората рунда против Борис Вист од КБК Предатор од Добој.

На Меѓународниот кик бокс турнир „Трофеј на Блеград“ учествуваат повеќе кикбоксери од Македонија, а натпреварувачите на Шампион, од каде што доаѓа Бобан имаа успешен ден, бидејќи и Андреа Костовска извојува победа над Јована Цветковиќ од КБК Сам, додека Миа Тодорова загуби од Леа Благоевиќ од КБК Земун.

Но утре може да се надеваат и на нови успеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО