Златко и Елизабета Димоски ќе одржат семинар во Перт-Австралија

Златко и Елизабета Димоски на 2 јули ќе одржат карате семинар за кати во Сиднеј, Австралија.

По тој повод Димоски вели:

„По моето неколку дневно ангажирање во Мелбурн од страна на Карате федерацијата на Австралија при изборот на австралиската репрезентација за сениори и У-21 за Светското првенство во Тенерифе, Шпанија, имаше многу добар повратен ефект од репрезентативците и од официјалните лица. Потоа на иницијатива на главниот тренер на репрезентацијата на Западна Австралија, Мајк и претседателот на Карате федерацијата на Западна Австралија, господинот Дион Пасонијан, предложија со Бети да одржиме семинар во Перт“.

Златко Димоски кој беше селектор во кати на нашата репрезентација фамилијарно замина да живее во Австралија, а ќерките Маријана и Мишела неодмана учествуваа на Државното изборно првенство и на Плеј-офот. За брзо време се адаптира во Австралија, а Маријана и Мишела на тамошното првенство беа далеку пред своите конкуренти.

„Претходно неколку пати дрзевме тренинзи и помагавме во подготовките на репрезентативците од Западна Австралија. Главна цел е ката, поточно четири кати по две од шито рју (анан даи и хеику), две актуелни кати кои често се гледаат на светски првенства и две од шотокан унсу и ниџу шихо. Ќе бидат комплетно објаснети со техниките и нивното значење со бункаи. Ќе ги нагласам разликите во техниката помеѓу двата стила, како и разликата помеѓу бункаито како спортско-натпреварувачка и боречка компонента (самоодбрана). Очекувам успешен семинар на кој ќе присуствуваат не само спортисти, туку и тренери и судии. Веќе има покани и за следен семинар во Мелбурн.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО