Златко Димоски: За големи резултати треба големи напори и врвни вложувања!

Zlatko so kata timot na EP 2016

„Во врска со последниот резултат- бронза на Европското првенство во Лимасол-Кипар, да бидам искрен, бев убеден дека ќе се бориме во финале кое по сите реакции таму ни беше буквално одземено во мечот во полуфинале со Шпанија, го добијаа со 3-2. Ме радува што со сигурност можам да кажам дека во оваа категорија до кадети, јуниори и У-21 во моментот нема подобар ката тим во Европа и светот“, е првичната оценка на тренерот на Ронин и нарепрезентацијата Златко Димоски, чиј ката тим во состав Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа го освоија бронзениот медал.

Zlatko na trenersko stolce

Ката тимот е од КК Ронин по тренерската палка на Димоски континуирано постигнува успеси, а се очекува докажување и во сениорска конкуренција. Како тренер во матичниот клуб најдобро ги знае нивните можности, навики и капацитети.

„За моето тврдење говорат и фактите. За три месеци овој ката тим освои сребро на СП Џакарта , токму со победи над најслините ката тимови во светот Шпанија, Германија, Иран- во прво коло, а еве сега и бронза на ЕП Лимасол која има златен сјај. Но, да се дојде до ова беше многу тошеко. И претходно сум создал генерација на каташи кои го освоија првиот медал во ката за Македонија-бронзен медал на СП Истанбул 2007 во истата оваа категорија. Со моите ученици сум освоил и златен медал на Европските студентски игри 2013 година, како и сребрен медал на Светско студентско првенство 2014, предводени од Верица Трајковска, Пуликсенија Јованоска и Марија Матракоска, две одлични каратистки кои се сениорки и активно се натпреваруваат, а кои го направија спојот меѓу нивната и сегашната генерација“, истакнува Диноски.

Тренерот на Ронин вели дека од 2008 година се наметнала една нова млада многу посилна и поталентирана генерација, која со многу труд и покрај сите пречки во последните три години остварила екстремно вредни резултати.

„Оваа млада генерација Искра Каракаш, Киријана Камческа, Анастасија Матеска, Матеја Талеска, Лина Димеска, Кристина Каламукоска е предводена од близначките Маријана и Мишела, кои се и костурот на јуниорскиот ката тим, но и на сениорскиот, заедно со Пуликсенија Јованоска. Се започна со нивните први резултати на балканските првенства за македонската репрезентација до 14 години“, истакнува Димоски.

„Сите овие резултати пристигнаа со многу труд, тренинзи и по два пати на ден, во тешки услови, без спонзорство во клубот, со тренинзи во сала три пати неделно, додека сите дополнителни тренинзи ги работевме и се уште работиме во соба од куќа на мои пријатели иселени во Швајцарија, каде што во зима температурата е иста како надвор. За физички подготовки се спремаме во визба на моите родители во три метри квадратни, во која наместо зимница ставив свои тегови, машина за сила и неколку слични справи, а кога времето дозволува многу од тренинзите ги работиме на отворено во паркот или на теренот на градскиот базен, кој повеќе личи на неизорана нива“, потенцира Димоски и додава:

Kata timot na piedestal volimasol EP 2016

„Секогаш велам за големи достигнувања потербни се големи напори и голема посветеност. Посветеност не само кон тренингот, туку посветеност кон правилна исхрана, правилен одмор-рековери, психолошки тренинг итн. Исто така, многу е важно и темпирањето на формата, бидејќи настапуваат и во јуниорска и сениорска конкуренција. Има многу натпревари и сите се важни, затоа е многу важно да се спушта и подига формата, но и да се прават рековери тренинзи за обнова на енергијата. Сето тоа бара посебно внимаваме, дури и капки за нос не смеат да користат, бидејќи излегуваат на допинг контрола, а камоли било каква хемија, не пијат газирани сокови, слатките работи се сведени на минимум, користиме многу шејкови, смути од разни овошја, зеленчук, производи од млеко, мед и разни семиња. Секако од големо значење за нашите репрезентативци е тоа што и двајцата со Бети сме судии со највисоки лиценци на Светската и Европската федерација, но сме и единствени во Македонија кои имаат тренерски сертификати, и двајцата во двете дисциплини -ката и кумите. Мене многу ми помогна моето повеќе годишно искуство о тренинзи во џудо, но и во различни карате стилови, посебно во делот на бункаито.  А во однос на тренингот, повеќето се со мене во делот на физичка и техничка карате подготовка, а Бети многу ми помага, посебно кај ката тимовите и бункаито во ката, кога таа како искусен европски судија понекогаш гледа нешто кое јас заради долгото време поминато со нив на тренинзите не можам да го забележам. Може да се каже дека сме одлична комбинација на посветени репрезентативци со силна желба за тренинг, како двајца тренери со лиценци на Светска федерација, но и како искусни судии на светска и европска федерација. Без разлика на условите –кои се далеку од нивото на европските земји и нашата стручност и искуството кои се многу важни, пред се најважната состојка во рецептот за успех на било кое поле е љубовта и безусловната посветеност. Важно е многу порано и постепено да се започне со подготовки за некое важно првенство. Кога започнуваме со базични физички подготовки, обично та го правиме 6 месеци или година  пред првенството. За секој спорт посебно за врвни резултати се потребни сложени психофизички подготовки и правилно темпирање на формата. Потребни се општи физички подготовки, специфични физички подготовки, но, секако, и духовни и психички подготовки. На моите ученици секогаш им ги објаснувам работите со примери. Нас многу ни помогнаа и дополнителните совети од спортскиот психолог Лечне Алексовска, која работеше со нив  на завршните подготовки за СП Џакарта 2015 но и за ЕП Лисабон 2014. Сето ова е многу важно, посебно во моментите на тешки мечеви со силни репрезентации каде има страшен притисок од публиката, посебно на светски првенства, каде што има илјадници луѓе, а треба да се борите во меч кој одлучува за финале или за медал. Посебни тренинзи и внимание посветувам на бункаи“, објаснува Златко.

Бункаиото е борба меѓу сите три члена на тимот кои низ борба ги објаснуваат движењата во катата, што е многу атрактивно за публиката,  бидејќи има многу скокови, фрлања, удари, со  најопасни техники кои се забранети во спортска борба. Катата заедно со бункаито трае 6 минути, тоа се 6 минути максимален напор кога срцето отчукува од 130-180 отчукувања во минута, затоа ката тим со бункаи е најтешка дисциплина во карате. А за тим, најважно, покрај се горе наведеното е синхронизацијата и тајмингот на сите три члена на тимот.

„Вака изгледа еден ден од подготовки за ЕП и СП, по утринското полнење со енергија одиме на тренинг,  потоа секој со своите обрвски факултет, работа, училиште; по враќање повторно здрава храна и вечерта повторно тренинг. И така секој ден. Некогаш одмараме еден ден во неделата и повторно истиот циклус. И, така е со години. Моето мото е за големи резултати треба големи напори, за врвни резултати треба врвни вложувања.

Македонија има европски шампиони како Берат Јакупи, Наташа Илиеска, Емил Павлов, има медал од СП, бронза на Жарко Арсовски, но никогаш немала финале на било кое СП до сега. Посебно ни е драг овој медал од СП Џакарта, бидејќи долго и напорно се подготвувавме две години за овој настан поточно веднаш по завршетокот на последното СП Гвадалахара 2013  година, каде се боревме за бронза и бевме 5-ти, а посебно што го освоивме во екстремно силна група во која бевме, прво коло со тимот на Шпанија-до тој момент актуелни светски шампионки,Германија,Италија,Иран,Словачка,го освоивме со чисти победи над веле сили во карате а зад нас останаа и без медал многукратни освојувачи на медали од СП и ЕП како Германија, Италија, Турција, Иран, Египет, Виетнам“, заклучува Димоски.

Ферри е единствениот каташ од Македонија кој не доаѓа од КК Ронин, а кој се наметнува како каташ од кого може да се очекуваат добри резултати.

 „Каратето минатите години, посебно катите, немаше подеднаков третман со другите спортови, но полека со постојани резултати на македонските репрезентативци се наметна како спорт број еден во Македонија. Инстистуциите на ниво на држава-АМС, го забележаа тоа и веке каратето и врвните каратисти си го добиваат заслужениот третман, а тоа и во иднина очекувам да  биде уште поголемо. Посебно што каратето е пред вратата на олимпиското семејство, а сериозните земји со нивните олимписки комитети започнаа со потрага по талентирани млади спортисти во своите земји, но и надвор, се чуствува раздвижување  во карате низ светот, се бараат врвни искусни тренери и спортисти, а во некои земји репрезентативците и тренерите работата за големи плати и награди, кои со влез на олимијадата во силните карате земји наградите стануваат сериозни. Се надевам дека и тука, МОК во соработка со КФМ и АМС, ќе започне со потрага и подршака на потенцијални олимпијци и во каратето. Во кати, кај женските, се девојќите од ката тимот Мишела, Маријана и Пуликсенија, која е највозрасна и најискусна, но близначките и дишат на врат и во прашање се нијанси. Но не само за ОИ, туку и за следно ЕП Монпеље  и СП Линц оваа година ќе одлучуваат нијанси, односно резултатот, која од нив ќе собере повеке бодови таа ќе настапи поединечно, кај машките се издвојува Ферри Исиќ, но веќе почнува да се истакнува Абдурахим Идризи, кој, сепак, има само 14 години и треба многу да работи на физичката сила“, нагласува Димоски.

Zlatko i Abdurahim

Тренерот на Ронин вели дека помошта на локално ниво во Прилеп е на маргините на спортот, иако имале официјални резултати на меѓународно ниво, односно немале никаква помош, ниту спонзор.

„Се до освојувањето на медалот од СП 2015,  по што бевме примени од градоначалникот и девојќите добија и скромна еднокартна награда од 6.000денари“, истакнува Димоски, нагласувајќи: „Во овој дел мораме да го споменеме и претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Драган Стојановски, кој по неговото доаѓање во 2008 година го смени начинот на работа во КФМ, како пристапот кон спортистите и клубовите кои постигнуваат резултати, помагајќи ги во рамките на можностите и без неговата поддршка во секој поглед немаше и ние да ги постигниме овие резултати. Ни помогна на нас спортистите, на судиите, на тренерите да се обучуваат на меѓународни семинари со што се подигна квалитетот на карате спортот во Македонија“.

За Европското првенство во Лимасол Димоски е со следната анлиза: „Ние  од аутсајдери пред неколку години сега сме фаворити. На следните ЕП и СП и сите ќе се подготвуваат да не победат, така што сега не чека уште потешка задача и работа да го браниме среброто од СП. На ЕП Лимасол ката репрезентацијата оствари еден сребрен и еден бронзен медал и едно седмо место. Во делот на ката тимот, каде што притисокот беше најголем,знаевме дека ќе биде тешко, бидејки од велесилите во карате на ЕП се истите кои се и најсилни на СП- Шпанија, Германија, Италија, Италија, Франција,кои со гоидини освојуваат медали, а тука се и Турција, Словачка, Србија. Но, успеавме и освоивме бронза. За Македонија, како мала држава, на ЕП е многу тешко да се замеша во распределбата на медалите со една Шпанија,Германија,Италија,Франција, кои со години само си ги менуваат местата и понекогаш се уфрлаа Турција или Словачка.Нашиот тим се сретна со тимот на Германија уште во прво коло. Германките и селекторот добро го знаат нашиот тим, а по поразот на СП Џакарта, германките беа силно мотивирани, но и исплашени (на загревањето неколку пати тренерот на Германија дојде во нашиот дел за загревање да види која ката ќе ја работиме со нив. На загревање ја подготвувавме истата ката со која ги победивме на СП Џакарта, но пред мечот ја сменивме катата „уншу“, а со нив ја изработивме „супарумпеи“ и повторно ги победивме со 3-2, кои ја изработија нивната најсилна ката „канку шо“. Во второ коло го чекавме победникот од мечот Русија-Словачка. Се плашев од Словачките кои важеа за фаворитки, но загубија од Русија со 4-1. Во мечот со Русија нашите девојќи ја изработија уншу и победија со 4-1, по што следуваше мечот за финале со Шпанија. Во овој меч ние излеговме на татами, а ги чекавме повеке од 12 минути Шпанките да се одморат (по правилата одморот е толку колку што трае претходниот меч, а не 12 минути,но за Шпанија правилата не важат како за сите други; само за потсетување, на ЕП Коња нашиот тим имаше  меч за бронза  со одмор од само  две  минути, а по правилата одморот за меч за бронза е 6 минути ). Откако Шпанките добро се одморија влегоа видно уплашени, а тоа се покажа и во изведбата, без цврсти ставови, видно послабо физички спремни во однос на нашиот тим, со неколку десинхронизации, но сепак победија тесно со 3-2. Нашите девојќи во сите елементи на отценување на катата беа подобри, а беше одлична можност за судиите за споредба, бидејќи и двата тима работеа иста ката „чатајанара кушанку“.

Пресуден момент е поставувањето на португалскиот судија да суди на мечот, кој откако седна на стол и виде дека е Шпанија стана и се обрати до контролорот за да не суди, но тој го врати и дозволи да суди на меч за финале. А, тој судија го реши мечот. Шпанија е Шпанија, но не се подобри подобри од нашиот тим. Ниту јас ниту девојќите не можеа да се помират со поразот за кој сите присутни видоа, а и коментарите потоа со судии и тренери беа позитивни за македонскиот тим. Не сакам да звучи нескромно, но мечот со Шпанија  и сите мечеви беа за 5-0 за Македонија,ни беше одземена можност за освојување на златен медал на ЕП. Иако медал на Европско првенство е голема работа посебнно кога се замешуваме во распределбата на медали е резервирана за Шпанија, Италија, Франција, Германија, која со десетици  години наназад на ЕП и СП е иста во ката тим женски. Видно беше дека девојќите се разочарани, иако освија бронза, во моментот не се радуваа на бронзениот медал. Слободно можам да тврдам дека македонскиот тим во моментот е најподготвен тим во Европа и Светот. Кај кадетите за прв пат е освоен медал за Македонија во ката на ЕП. Идризи имаше одличен жреб, во негова група беа натпреварувачи од земји како Латвија,Украина,Сан Марино, Кипар, Грција..земји кои имаат натпреварувачи под просекот од ЕП, единствен посериозен натпреварувач во групата беше Португалецот Жоао, додека  втората група беше група на фавотитте за медали како Турчинот, Шпанија, Италија, Словачка, Германија, Србинот..кои се сретнаа меѓу себе уште во првите мечеви и се елиминираа а се издвои турчинот Гунгел Селатин, кој е и син на турскиот селектор. Многу квалитетен натпреварувач кој беше  трет на СП Џакарта и супериорно ги победи сите со 5-0 и 4-1“.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО