Златен медал за Стефан Штерјов и најдобар техничар во Стара Загора, уште два медали за Македонија

Младите борачи на БК Балканец и 7 Мај Леов псотигнаа забележителен успех на меѓународен турнир во борење во Стара Загора(Бугарија), освојувајќи три медали.

Борачите на Балканец ги постигнаа следните резултати: 35кг Стефан Штерјов I-место и прогласен за најдобар техничар на турнирот и +73 кг Теодор Ѓоргиев III-место. Борачот на 7 Мај Леов, Стефан Стојаноски (-32 кг) го освои бронзениот медал.

Освен борачи од Македонија на овој турнир учествуваа и борачи од Бугарија, Турција и Грција.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО