Заборски: Ќе ме исполни женската екипа да освои медал на Европското првенство за региони

Како прваци на Македонија во екипна конкуренција женската екипа на Макпетрол во состав Симона Заборска, Наташа и Моника Стефановски и Сара Радичевска ќе настапи на Европското првенство за региони (борби) во карате кое се одржува утре и во недела во Приштина-Косово.

Досега екипата на Макептрол има две бронзи од овие првенства во заедничка екипа со Металург за сениори и за кадети и јуниори во борби за мажи.

„Би ме исполнило да направиме успех на ова првентсво, односно да освоиме медал, како континуитет на претхдноо направените успеси. Оваа екипа е медитерански вице шампион, 2-3 медалисти на Балканските првенства, стипендисти на Агенцијата за млади и спорт од „меѓународна категорија“ за 5-тото место на Европското првенство за сениори. На Светскуиот куп Лашко во Словенија го освоија бронзениот медал, губејќи од Укарина на изјаснување, бидејќи борбата заврши 1-1, екипа која стана европски првак. Оттогаш до денес тој тимникогаш не отпатува комплетен на некое првенство, зошто е тоа така трба некој друг да одговори. Потврда на овие резултати се бронзата од Европската универзијада во Загреб и на Светското универзитетско првенство во Португалија“, вели тренерот Бошко Заборски.

Следниот настап што го очекува овој тим, а за што доби поддршка директно од генералниот секретар на ЕКФ, Стјепан Челан и Антонио Еспиноз, претседателот на ВКФ, е Европското универзитетско превнство во Коимбра, Португалија, каде што на едно место ќе се натпреваруваат спортистите во карате, џудо, таеквондо и кик бокс.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО