Златен медал за Нуров на Гранд при турнирот во Тбилиси

Македонскиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров го освои златниот медла на силниот Гранд при турнирот В. Балавадѕе и Г. Картозија во Тбилиси – Грузија. Нуров во финалето на категоријата до 97 килограми го совлада домашниот борач М. Корџаија со 3-1.

Ова е голем успех за нашиот репрезентативец, инаку член на БК Вардар.  

Додека вториот наш репрезентативец, Владимир Егоров, во полуфиналето на Меѓународниот турнир Медвед во Белорусија беше поразен, утре со Американец ќе се бори за бронзениот медал.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО