Руиз нема да го потпише договорот за реваншот со Џошуа ако не добие повеќе пари

Вчера беше објавено дека реваншот меѓу Енди Руиз и Ентони Џошуа ќе се одржи на 7 декември во Саудиска Арабија.

Но, се чини дека Руиз сè уште не го потпишал договорот и бара повеќе пари за реванш со Британцот.

„Уништувачот“ изненадувачки го совлада Џошуа во Њујорк на 1 јуни со прекин во седмата рунда и притоа го о свои појасит на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО. Во мечот влезе како замена за Џaрел Милер, кој падна на допинг-тестот и стана првиот шампион во тешка категорија со мексиканско потекло.

„Атлетик“ објави дека Руиз нема намера да потпише договор освен ако не добие значителен пораст над 9 милиони долари,колку што треба да добие за реваншот.

Се верува дека условите на реваншот веќе биле договорени во договорот за првата борба.

Но, саудиските организатори ќе платат 40 милиони долари за одржување на борбата во Диријах, а Руиз бара и неговиот дел од добивката да се зголеми.

Објавувањето на одржиувањето наборбата во таа земја веќе негативно одекна во јавноста заради тековните прекршувања на човековите права што се случуваат во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО