Шабан Трстена стана олимписки шампион на денешен ден пред 35 години

На овој ден пред пред 35 години Шабан Трстена го освои златниот медал на Олимпијадата во Лос Анџелес 1984 година, кој до ден-денес е единствен. Не се бореше само со Џо Гонзалес од САД, туку и со целата сала, бидејќи во прелиминарните бори сите навиваа за нивниот миленик. Во финалето славеше против Кореецот Ким Јонг Кју со 4-0.

„Дали е можно да ја заборавам оваа моја приказна, денес, пред 35 години, беше освоен првиот олимписки златен медал во Лос Анџелес 1984 година, но и од тој моментот кога триумфално  ја подигнав мојата златна рака. Ова беа првите моменти и секунди, голема радост за мојата спортска душа и моето семејство. Од голем радост правев акробатско салто и возбудлив салто скок, како најмлад олимписки шампион во историјата на Олимписките игри.

„Во ова убаво прекрасно утро, кога евоцирам спомени од моето спортско минато и градам доверба во себе, разбирам дека животот е всушност патување со различни предизвици, речиси на сите нас“, вели Трстена по повод големиот успех пред 35 години.

Тој потенцира дека на млади години сите сонувале да станат истакнати личности, да постигнеме светска слава, да станат славна личност.

„Како прво, му се заблагодарувам на мојот голем Бог, што јас, за среќа, го остварив мојот сон. Поминаа 35 години откако станав најмлад олимписки шампион. Беше многу тешко морав да минам низ многу битки и бариери, морав да бобедам 7 светски борачи. Затоа, во овој момент, пред 35 години, јас сум еден од најсреќните спортисти во светот. Целиот успех дојде затоа што имав волја и самодоверба во себе да тренирам многу напорно, во секој час, ден и ноќ, подготвен за долги и напорни патувања. Во тој момент мојот спортски живот не е завршуваше. Бев млад и сe уште имаше долг пат пред мене, да одам и да освојам уште многу медали. Ветено – сторено од мојата страна! Четири години подоцна, на Олимпијада во Сеул во 1988 година, повторно блеснав во финалето и се качив на пиедесталот, овој пат, за жал, поради повредата не мојата нога го освоив сребрениот медал. За мене тоа беше голема радост, затоа што победив шест најдобри ѕвезди на светското борење од најсилните нации во овој спорт, како Русија, Иран, Бугарија, Америка, Турција. Тоа беше борба за живот, бидејќи секоја секунда и минута се боревме за олимпиското финале“, се сеќва Шабан Трстена со многу емоции на тие моменти на родост и слава кои досега никој не го надминал.

Шабан Трстена, покрај титулата спортист на Југославија во 1984 година, шест пати беше прогласуван за најдобар спортист во Македонија. Тој ги освои гласовите на новинарите во 1982, 1983, 1984, 1986, 1988 и во 1990 година, а трипати заврши на второто место на ранг-листата на најдобрите спортисти во Македонија.

715 победи во кариерата

Во богатата 20-годишна боречка кариера Шабан Трстена имаше 741 борба на сите меридијани во светот. Во тие мечеви има 715 победи, што претставува рекорден скор кај борачите во слободен стил. Своите настапи ги почна во најлесната категорија до 48 килограми, за најголемиот број медали да ги освои во категоријата до 52 килограми. Интересно е дека настапуваше и во категоријата до 57 килограми, и тоа на Медитеранските игри во Казабланка и во Латакија, а на последниот настап на МИ во Атина во 1991 година се бореше и триумфира во категоријата до 62 килограми.

https://www.youtube.com/watch?v=_nuDJSAM_kc

ШАБАН ТРСТЕНА

Роден: 1965 година во Скопје
Кариера: БК Лирија, БК Вардар, репрезентација на Југославија и на Македонија

Успеси: Златен и сребрен медал и петто место од олимпијадите, едно трето место на светските првенства, две први, три втори и две трети места на европските првенства, три златни медали од медитеранските игри и од балканијадите и многу победи на меѓународните турнири (30 златни медали). Спортист на векот во Македонија и најдобар спортист во 1984 година во поранешна Југославија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО