Златен медал за Јасин Лама на „Влазнија 2018“, Денис Муаремовски втор (ФОТО)

Јасин Лама (-60 кг) го освои златниот медал на силниот Меѓународен турнир „Влазнија 2018“ во Скадар, Албанија, кој е во калнедарот на ЕУБЦ. Лама во финалето го совлада албанскиот репрезентативец Кристи Бојко.

Вториот наш репрезентативец, Денис Муаремовски, во финалето загуби од Патриот Бехрами од Косово.

За најдобар боксер на турнирот е прогласен Ајрон Кајоши од Албанија.

Репрезентацијата ја предводеше тренерот Фатон Салиху.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО