Златен медал за Филип Додевски, сребрен за Анамарија Георгиевска на „Омега купот“

Филип Додевски (-74 кг) освои златен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Омега куп“ во Белград, Србија, ако сениорска конкуренција. Јуниорот Додевски одлично с еснајде во сениорска конкуренција и со три победи дојде до златниот медал.

Анамарија Георгиевска го освои сребрениот медалсо две победи и пораз во финале во последните секунди против актуелната европска шампионка од Србија.

Таеквондисти на Бутел се бореа за медали и во другите категории, но за тие резултати нешто подоцна.

На овој турнир не настапија неколку борци од клубот кои се репрезентативци на Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО