Жозе Алдо се повлече од ММА

Легендарната ММА кариера на Жозе Алдо заврши.

Двократниот шампион на УФЦ во перо категорија и претендент во бантам категорија одлучи да ја заврши кариерата во кафезот. Алдо ја завршува кариерата која траеше 18 години и му донесе репутација на еден од најголемите борци во историјата на боречките спортови. Комбејт беше првиот што ја објави веста.

Алдо (31-8) се смета за најголемиот борец во перо категорија на сите времиња, како и еден од најдобрите борци во историјата. Тој победи на 25 од првите 26 професионални мечеви, со бројни нокаути и доминантни одлуки меѓу тие победи.

Персоналот на Алдо преговараше за ослободување од неговиот УФЦ договор со преостаната 1 борба, што значи дека тој е слободен да продолжи да се префрли на бокс или други боречки спортови.

Веста доаѓа помалку од еден месец по последната борба на Алдо, која беше пораз со едногласна одлука од Мераб Двалишвили. Овој пораз ја прекина неговата серија од 3 последователни победи. „Обележаниот“ завршува со скор од 31-8 во ММА.

Жозе ги здроби сите во УФЦ и 7 пати ја бранеше титулата. За негова несреќа, Конор Мек Грегор го нокаутира за 13 секунди и ја прекина серијата во 2015 година. Во јули 2020 година Алдо се бореше за титулата во бантам категорија, но загуби со нокаут од Петар Јан.

Алдо веќе има 36 години, нема што повеќе да докажува. Дали ќе се одлучи за кариера во боксот, останува да видиме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by QUALITY MMA (@quality_mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON