Борбите во телефонска говорница се вратија со тежок нокаут (ВИДЕО)

Љубителите на боречките спортови уживаа во враќањето на борбите во телефонски говорници.

Панч бокс лигата (Punch Box League) ги воодушеви своите фанови со новата гала вечер. На настанот Панч бокс 2 видовме тешка нокаут борба меѓу Иван Чугунов и Павел Молчанов. На почетокот, двајцата го вртеа грбот еден кон друг. Борбата започнува и двајцата веднаш го ослободуваат својот бес.

Вистинската штета прво ја направи Чугунов кој со десно кроше го повреди Молчанов. Павел веројатно ќе паднеше да не беше телефонската говорница што го држеше. Оттаму борбата се влоши. Иван продолжи да ги задава своите удари, постојано нишајќи го Молчанов со десното и лево кроше.

Конечно Молчанов колабираше во аголот, а судијата ја прекина борбата.

Ова е видео од борбата:

Целосното издание на Панч бокс 2 можете да ја погледнете ТУКА

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО