Жозе Алдо најави дека наскоро би можел да се пензионира, но прво сака да го освои појасот: Се е запишано

Жозе Алдо првата борба оваа година ќе ја има на 20 август. Легендарниот Бразилец и поранешен шампион ќе се бори на настанот УФЦ 278 против Мераб Двалишвили.

Јуниор има три победи во низа, а последната борба му беше лани во декември кога со едногласна одлука на судиите во пет рунди го победи Роб Фонт.

Мечот меѓу Жозе Алдо и Мераб Двалишвили има посебна тежина, бидејќи победникот би можел да го добие местото на предизвикувач во борбата за титулата во бантам категорија.

Во последното интервју 35-годишниот Бразилец ги откри своите планови за иднината.

„Кога почнав, му кажав на тренерот Деде Педернеирас дека на 35 години ќе бидам шампион и ќе се пензионирам. Многу сум блиску до крајот на кариерата. Сега имам меч против Двалишвили, кој е тежок борец и добро рангиран, со кој никој не сака да се бори. Ќе го победам и потоа ќе барам натпревар за појасот. Се е запишано“, рече Жозе Алдо и додаде:

„Јас и Деде го мислевме истото, сакав да бидам шампион во перо и лесна категорија, но тоа не се случи. Сега сум во бантам категорија и си поставив друга цел – титулата во таа категорија. Кариерата ја завршувам во таа дивизија, каде и почнав“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON