Ја судат ВБА за корупција

На најстарата од четирите боксерски федерации ВБА и се суди за корупциски скандал. Боксерскиот менаџер Грек Коен е обвинет дека плаќал одредени луѓе за да ги издигнат неговите боксери во редовите на организацијата.

Ова не е прво такво обвинување, а ABC (Американските боксерски комисии) се заканија на ВБА дека ќе им забрани да работат во САД.

„Доколку се открие дека овие наводи се точни, ABC ќе преземе акција за забрана на ВБА да работи во САД. Доколку се докажат наводите, ќе излеземе со соопштение за медиумите во кое ќе објавиме дека никој од ВБА не може да влезе во Америка. Нашата организација е создадена од американската влада за да го заштити интегритетот и безбедноста“, изјава од ABC.

На територијата на САД на сила e актот „Али“ – закон со кој се регулираат односите меѓу боксерите, промотерите и дотичните федерации. Тој беше потпишан од претседателот Клинтон во 2000 година. Законот за Али им дозволува на властите да преземат мерки кога постои сомневање за корупција. Неопходно е откако промоторите ќе почнат да организираат нерамноправни борби. Една од точките на овој закон многу прецизно се однесува на случајот:

„Ниту еден работник на светската федерација не смее да добива подароци, компензација или пари од боксер, промотер или менаџер“.

Навистина, ВБА е најстарата федерација и го дели првото место според влијанието со ВБЦ. Но, во последниве години листите на федерацијата во најмала рака беа апсурдни. Нивната грешка пред некое време кога наведоа мртов боксер е речиси споредлива со фактот дека Ентони Џошуа е #5 на нивната листа на најдобри боксери во тешка категорија. Од топ 10 отсуствуваат натпреварувачите како Џозеф Паркер, Енди Руиз, Луис Ортиз. Дионтеј Вајлдер е 9-торангиран, но за сметка на тоа Хју Фјури ќе се бори со Мајкл Хантер за шанса за шампионска борба. Со забелеша дека ВБА имаат две титули – Регуларна и Светска. Ова му дава право на Даниел Дубоа да се кити со титулата светски првак, а што беше победен од Џо Џојс, кој исто така е едно од имињата што недостасуваат во топ 10…

Случајот ќе биде интересен и ако се работи за забрана на ВБА во Америка, тоа ќе биде сериозно предупредување за останатите федерации и којзнае, наскоро може да видиме поизедначени и интересни пресметки.

Продолжуваме да ја следиме ситуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО