Жозе Алдо доминираше против Роб Фонт, Душко Тодоровиќ победи со нокаут во првата рунда

Бразилецотот Жозе Алдо (28-7) го победи Роб Фонт (20-4) на УФЦ настанот во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите и го продолжи својот марш кон врвот во бантам категоријата.

Фонт агресивно влезе во мечот, но Алдо ја задржа присебноста. Веднаш се обиде да го собори противникот, но Жозе успешно се одбрани.

Започна размената на удари во тепачка на нозе. Кон крајот на рундата, Алдо силно го стресе Фонт со неговиот последен директ, по кој падна на земја. Но, времето истече, а Жозе не успеа да го заврши Роб, но ја доби рундата.

Во средината на втората рунда Жозе повторно ја здрма Фонт, кој брзо се созеде. Во продолжение Роб беше поактивен, но попрецизни беа ударите на противникот.

Алдо започна со силни „лоу кикови“ во третата рунда, додека Фонт возврати со многу удари. Во еден момент борбата се пресели на партер каде што Жозе имаше контрола.

Откако дуелот се врати на нозе, Алдо успеа со еден „лоу кик“ да го собори Фонт.

Истото го направи и на почетокот на четвртата рунда, а во борбата на партер Алдо повторно имаше добра контрола над Фонт, кој одлично се бранеше. Не му дозволи на Алдо премногу простор за да му наштети.

Фонт уште поагресивно влезе во последната рунда барајќи ја грешката на противникот. Но, тоа не се случи, па Алдо повторно го здрма во средината на рундата и ја префрли борбата на партер.

Жозе до крајот успешно го контролираше мечот. На крајот убедливо славеше Жозе Алдо (50-45,50-45, 49-46) со едногласна одлука на судиите.

По два порази во низа, Душко Тодоровиќ (11-2) со технички нокаут го совлада Маки Питола (13-7-0).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО