Макпетрол, Олимпик спорт и Гладијатор најуспешни на Државниот изборен карате турнир

Вчера на Државниот изборен карате турнир за кадети, јуниори и У-21 најуспешен беше Макпетрол со 9 освоени медали – 7 златни и 2 бронзени, втор е Олимпик спорт со 9 одличја – 4 златни, 2 сребрени и 3 бронзени, а трет е Гладијатор од Велес со 7 (3-2-2).

Потоа следат: Фунакоши Гичин 6 (3-2-1), Штип 6 (3-1-2), Дрини 4 (3-1-0), Башкими 2002 5 (2-0-3), Ринија 4 (1-2-1), Чоле, Уранику, Кеикс и Сансаи Метал Апостолов по 4 медали (1-1-2), Металург, Куштрими и Шампион по 3 (1-1-1) итн.

Изборниот турнир со денешниот Плеј-оф (настапуваат најдобрите четворица) е во функција за избор на репрезентацијата за Европското првенство во Прага, Чешка, од 4 до 6 февруари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО