Жорж Сент Пјер: Тони Фергусон заслужува да се бори со Хабиб (ВИДЕО)

Сите сакаат да знаат што следува за неoспорниот и непоразен шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, но сè уште нема нешто извесно. Орелот ја одбрани титулата со победата над Дастин Пориер во Абу Даби пред една недела и веднаш почна да ја коментира следната битка. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт изјави дека Тони Фергусон е следен, но не го исклучи реваншот со ѕвездата Конор Мек Грегор.

Вајт исто така изрази интерес за борба меѓу Хабиб и легендарниот шампион во две категории Жорж Сент Пјер, кој претходно оваа година се повлече во пензија затоа што Вајт не му дозволи да се бори против непоразениот Дагестанец. Сонот на Хабиб и неговиот татко е да се борат со Жорж, а Хабиб е подготвен да се пресмета со него на почетокот од следната година.

Сите навивачи сакаат да го видат Нурмагомедов против Фергусон, затоа што битката е најинтересна во лесна категорија и четири пати досега отпадна. Сент Пјер исто така сака да ја гледа битката меѓу нив и рече дека Тони заслужува 100 отсто шанса против Нурмагомедов. Сепак, Раш посочи дека е подготвен да го престигне Тони и да се бори против Хабиб, иако Фергусон го заслужи тоа:

„100 проценти Тони Фергусон заслужува борба за титулата. Нивната битка ќе биде добра. Голем фан сум и не знам кој ќе победи. Се зависи од тоа кој ќе успее да ја спроведе својата тактика. Тони сака валкани борби со лактот и коленото и тоа е неговиот стил.

Хабиб, од своја страна, сака да ги контролира противниците во партер. Стиловите прават битки, а тука е тешко да се предвидат. Во моментов сум во пензија и постои причина. Ако ништо друго, УФЦ знае каде да ме најде.

Сепак, сега сум среќен што не сум во игра. Не се жалам и животот ми е добар. Секогаш тренирам и не го правам тоа затоа што сакам да се борам, туку затоа што сакам да бидам во добра форма. Сакам да бидам ангажиран и да продолжам да учам како борец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО