Жорж Сент Пјер размислува за враќање во УФЦ

Zorz sent pjer stoi

Поранешниот шампион во полусредна категорија на УФЦ, Жорж Сент Пјер не се бори од ноември 2013 година кога го победи Џони Хендрикс на УФЦ 167 и уште еднаш ја одбрани титулата.

Потоа одлучи да се повлече од спортот, давајќи си одмор со неопределно време.

Сепак, канадската ѕвезда денес изјави дека повторно има желба да се бори и дека е можно да го видиме во октагонот пред крајот на 2015 година.

„Почнувам да го имам тоа чувство, се повеќе и повеќе, дека сакам да се вратам. Ги гледам дуелите, за да видам што се случува во мојата категорија и одржувам форма. Тоа е како нож, кој постојано се остри, во случај ако одлучам повторно да се вратам. Не сум сигурен дека тоа нема да се случи во 2015 година, но се уште не сум расчистил со тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО