Боксерската федерација на 25 ноември закажа годишно Собрание

2015-10-15 11.41.25

На 25 ноември ќе се одржи редовното Собрание на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), така одлучи Управниот одбор на седницата на 17 октомври.

„Основната причина за одржување на Собранието на овој датум се Државното првенство и „Златниот гонг“, за да имаме поуспешна организација. Инаку на Собранието ќе се рагзледа сработената работа досега, однонсо ќе биде поднесен извештај, потоа ќе се рагледаат тековните работи; што направи Федерацијата за деблокирање на сметката, а која е блокирана не по наша вина“, вели претседателот на БФМ, Војо Настевски.

Бидејќи е закажано редовното Собрание, истакнува претсдеателот на Федерацијата, секаква друга постапка во овој момент би била нелегитимна. Сепак, за да има легимитет Собранието, клубовите кои не се преригистрирани, а досега тоа го направиле шест клуба, треба до 21 октомври да го направат тоа. Станува збор за уште шест клуба. Со тоа ќе се стекнат со право да учествуваат и на Државното првенство на 31 октомври и 1 ноември во Скопје и во Лигата.

За настанатата ситуација со блокираната сметка Настевски се обратил и до Светската боксерска организација-АИБА, за да помогнат преку Македонскиот олимписки комитет (МОК). Тие се чуделе како државата не можела да помогне.

„Доколку не има професионален однос од државата кон спортот, нема да има и врвни резултати“, потенцира Настевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО