Легендата на ММА, Жорж Сент Пјер откри зошто не се случи неговиот супермеч со Хабиб Нурмагомедов. Тој посочи дека УФЦ не сака да ја ризикува кариерата на Дагестанецот.
„Веројатно Хабиб е сериозна инвестиција за организацијата“, објасни Канаѓанецот и додаде:„Тој стигнува до различен тип на клиенти. Можеби од Блискиот исток. Муслиманскиот свет го идеализира. Тој е како икона. Замислете што би се случило доколку инвестираат многу пари за средба меѓу нас и јас победам и во следниот момент се пензионирам? УФЦ веројатно има други планови за Хабиб “.
Сент Пјер зборуваше и за тоа дали има намера да ја обнови кариерата.
„Не е невозможно да се вратам во октагонот, но засега не гледам кога тоа може да се сличи“, објасни поранешниот шампион во две различни категории.