Жорж Сент Пјер би се борел со Усман, Чимаев и Хабиб, но…

Eден од најголемите ММА борци во светот, 41-годишниот Жорж Сент Пјер ја имаше последната борба во ноември 2017 година кога го победи Мајкл Биспинг.

Тоа беше негова прва и последна борба по четиригодишна пауза и победа над Џони Хендрикс.

Имено, ЖПС за последен пат го одбрани појасот на УФЦ во полусредна категорија против Хендрикс, по што првпат објави крај на кариерата, но се врати.

Но, Канаѓанецот повеќе не размислува за тоа. Неодамна беше прашан со кого би сакал да се бори доколку реши повторно да се врати, на неговата листа има тројца кандидати.

„Кога би се вратил, има само тројца борци со кои би сакал да се борам. Но, тоа нема да се случи, бидејќи не сакам да се вратам назад“, изјави Жорж Сент Пјер, а потоа додаде:

„Но, ако треба да ги изберам моите три потенцијални противници, тоа се Усман, Чимаев и Хабиб. Но, за жал, тоа нема да се случи. Завршив и ништо не ми недостасува“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chamatkar Sandhu (@sandhumma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО