Жилеј Жанг со нокаут во третата рунда го победи Џо Џојс

Кинескиот тешкаш Жилеј Жанг беше подобар од Џо Џојс и во реваншот. Биг Бенг го победи Британецот со нокаут во третата рунда на настанот во Вембли арената во Лондон и го одбрани појасот на привремениот шампион на ВБО.

Овој пат Жанг ја заврши работата порано од првиот меч. Во април славеше со прекин во шестата рунда.

Иако првата рунда беше главно испитување на силите, Жанг го погоди Џојс со неколку силни удари.

Но, веќе втората рунда понуди многу повеќе акција. Кинезот искористи одлични комбинации за да го погоди Џо кој лошо се бранеше.

На крајот од рундата Жанг зададе одлични удари и веќе беше јасно дека Џојс го очекува тешка битка. И тоа не траеше долго.

Во третата рунда Кинезот продолжи во ист ритам и со одлични комбинации го погоди Џојс кој се посилно се бранеше. Жанг го нокаутира Џојс на 53 секунди пред крајот на рундата и го заврши мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО