Жермеин де Рандамие во кариерата нокаутирала и маж (ВИДЕО)

Меѓу борбите кои во својот живот ги одработила предизвикувачката на УФЦ во перолесна категорија, Жермеин де Рандамие, сигурно занимлива позиција држи борбата против белгискиот ТВ водитеч Том Ваес.

Инаку, Ваес е автор и водител на сопствено шоу „Томтестерон“, каде што тој прифаќа разни предизвици, а потоа се обидуваат и да ги изврши. Еден од тие беше да одработи меч против холандската воинката и тогашна мај тај шампионка на светот. Ваес за овој меч интензивно се подготвуваше три месеци, но на крајот не помина најдобро.

Де Рандамие својот противник го нокаутира во третата рунда и со тоа покажа дека разликата меѓу мажите и жените борци и не е толку голем, ако е секако во  прашање машки борец кој е аматер или не настапува на некое повисоко ниво. Тоа не е единствената таква ситуација, бидејќи многумина се сеќаваат на ситуација кога германскиот водител Стефан Раб ја предизвика веројатно најдобрата боксерка на сите времиња, Регина Халмих. Кога ќе се сетиме на него, Ваес дури и добро помина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО