Женскиот кумите тим поразен во репасажот од Босна и Херцеговина на ЕП

Женскиот кумите тим доби шанса за репасаж, но беше поразен од Босна и Херцеговина со 1-2 на Европско првенство во Газиантеп, Турција.

Во првиот меч нашата репрезентација загуби од Словачка 1-2, бидејќи словачкиот кумите тим се пласира во финалето, нашите репрезентативки добија шанса во репасажот:

Словачка за златниот медал ќе се бори со Хрватска. Во полуфиналето Словачка славеше против Австрија 2-0, а Хрватска над Шпанија 2-1.

Во машкото финале ќе се сретнат Франција и Азербејџан. Франција салвеше против Белгија 3-1 во полуфиналето, додека Азербејџан беше подобар од Грција и победи 3-0.

Да потсетиме дека вчера Вероника Костовска и Петар Спасеновски обезбедија борби за бронзени медали.

Мажи
Македонија – Шпанија 1-3

Жени
Македонија – Словачка 1-2
Македонија – Босна и Херцеговина 1-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО