Жена нокаутира маж во борба со голи раце

Борбата со голи раце меѓу маж и жена предизвика бурни реакции откако боксерка успеа да го нокаутира противникот.

Оваа борба ја истакнува важната улога што ја игра искуството со боречките вештини во таквите средби. Добро обучените спортистки навистина можат да се спротивстават на поголемите машки противници кои имаат помалку борбено искуство. На спорниот меч се појави боксерската сензација на Тајланд, Чисакан Арифипат, попознат како „По Денман“, против машки боксер.

Овој меч меѓу се одржа под будното око на главен судија и тројца бодовни судии. Иако мажот изгледаше со помал раст во споредба со Денман, нивната вкупна телесна маса беше доста слична. Како одминуваше мечот, така доминацијата на Денман стануваше се поочигледна.

Кон крајот на мечот боксерот изгледаше видно уморен, со забележителен пад на брзината и моќта. Таа успеа да зададе прецизна комбинација еден-два, а вториот удар го погоди човекот во главата и го испрати на подот. Иако застана на нозе, остана видно нестабилен, што го натера судијата да започне со броењето.

Боксерот се бореше да ја врати контролата, но не можеше, што на крајот доведе до победа со нокаут на Чисакан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО