Конор Мек Грегор потпиша договор со БКФЦ, но не како борец

Во соопштението за медиумите објавено вчера попладне БКФЦ објави партнерство со Конор Мек Грегор, но тоа нема да биде за борбени цели. Темното ирско пиво Форгед иајриш стаут на Мек Грегор ќе биде „Официјалното пиво на БКФЦ“.

Во соопштението за печатот беше вклучена и изјава од Конор:

„Секоја борба со БКФЦ е сериозна забава. Пет двоминутни рунди полни со акција. Без ракавици! Мажите и жените ги заложуваат своите тела во рингот. Ако сте љубител на боречките спортови, треба да гледате БКФЦ додека го пиете најдоброто темно пиво во светот – Forged Irish Stout! И двајцата сме во режим на хипер развој и возбуден сум што ќе видам каде нè води ова партнерство“.

БКФЦ има вистинска плејада на спонзори, а лавовски дел од нив се непознати компании за кои повеќето луѓе не слушнале. Минатата година тие ја донесоа агенцијата Талон ентертејмент да се справи со сите нивни глобални спонзорства, што веројатно беше добар потег, бидејќи ги стави овие активности во рацете на професионалци. Ова очигледно се исплати бидејќи Форгед е веројатно нивниот најзначаен партнер до сега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО