Тони Белју го избра најдобриот боксер на сите времиња: Тој е најстрашната сила што сум ја видел!

Поранешниот шампион, а сега боксерски експерт Тони Белју никогаш не се двоуми да го каже своето мислење, па сега на сите им стави до знаење кој според него е најголемиот борец во историјата.

Минатиот викенд Артур Бетербиев го победи Калум Смит со прекин и ги задржа титулите во полутешка категорија на ВБЦ, ИБФ и ВБО.

Белју беше импресиониран од силата и способноста на дагестанскиот борец со канадски пасош, кој сега може да се најде во рингот против шампионот на ВБА, Дмитри Бивол, во борба за апсолутен шампион.

Поранешниот британски боксер во коментар на ИФЛ ТВ без многу размислување откри кој би го освоил фантастичниот турнир „Супер шест“ во полутешка категорија доколку се натпреваруваат Рој Џонс Јуниор, Дмитри Бивол, Џо Калзаге, Артур Бетербиев, Адонис Стивенсон и Андре Вард.

„Верувам дека Рој Џонс Јуниор е најголемиот борец на сите времиња кога го победи Џон Руиз! Тој е најдобриот боксер во историјата. Неговиот напад и брзина беа нешто посебно, тоа никој го нема“, изјави Тони Белју и додаде:

„Непотребно е да се разговара за тоа. Во неговиот врв, тој човек беше најстрашната сила што некогаш сум ја видел! Она што можеше да го направи беше лудо! Неговиот напад беше невозможно да се запре“.

Светскиот шампион во четири категории е единствениот борец во историјата кој ја започнал својата кариера во супер велтер категорија пред да ја освои титулата во тешка категорија.

Во мај 2003 година Џонс ја освои титулата на ВБА во тешка категорија победувајќи го Руиз.

Од неговата брзина и сила беа воодушевени навивачите, кој во текот на кариерата имаше 76 борби, а победи на 66, а 47 завршија со прекин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО