Жена нокаутира маж тежок 240 килограми (ВИДЕО)

Руската ММА-лига „Нашиот бизнис“ одржа меч меѓу 62-килограми тешката Дарина Маздјук и блогерот со 240 килограми Григориј Чистјаков, кој заврши со нокаут за претставничката на поубавиот пол.

28-годишната Русинка има пет професионални борби во кои извојува четири победи и претрпе еден пораз. Девојката тврди дека нејзината цел е шампионскиот појас на УФЦ.

„Долги години имам една цел – договор и шампионски појас во УФЦ. Сега нашата задача е да добиеме американска виза и да испратиме документи. Со тренерот мора да докажеме дека немаме проблеми со патувањето во Америка. Тогаш веднаш ќе почнеме преговори за договор со УФЦ“, рече Маздијук во едно интервју.

По поразот, Григориј Чистјаков вети дека ќе води здрав начин на живот и ќе почне активно да тренира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО