Жарко Арсовски е петти на Урмиа опен во Иран со награден фонд од 60.000 долари

На силниот Меѓународен карате турнир во Иран Урмиа опен од 11 – 14 август за награден фонд од 60 илјади долари Жарко Арсовски од КК Штип го освои петото место, а Емил Павлов беше поразен во првото коло.

По покана на Карате федерацијата на Иран нашите репрезентативци учествуваа и на тренинг кампот со натпреварувачи од Иран, Азербејџан, Малезија, Франција, Македонија. На турнирот учествуваа 312 натпреварувачи во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција.

За прво место наградата изнесуваше 1.500 долари, за второ 800 и за трето 400.

„Трениравме со репрезентацијата на Иран. Бевме одлично примени и учествувавме и на еден турнир. Јас, за жал, загубив во првото коло, додека Жарко го освои 5 место во силна конкуренција. Ова е подготвителна фаза за нас. По една недела ќе учествуваме на Светската премиер лига во Лајпциг, Германија, а потоа и на турнирите во Истанбул и Салзбург. Од први јануари идната година, 50 најдобри, рангирани во категориите ќе учествуваме на квалификационите олимписки турнири. Верувам дека можам да постигнам добри тезултати“, изјави Емил Павлов за фејсбук страницата „Штипски асови“.
Инаку, на светсската ранг листа Емил Павлов го зазема 25 место во категоријата до 60 кгр, Жарко Арсовски 31 во категоријата до 84, Јована Георгиева 52 место.

„Штипски асови“ наведува дека во последно време во Штип неколку пати претстојувал претседателот на КФМ, Драган Стојановски, со забелешка дека немал можност, или време, да се сретне со „седмата сила“.
„Да ,тоа е точно. Јас сум премногу задоволен од работата на КФМ. Се почитува Правилникот за наградување. Сметам дека тој правилник треба да го почитува секој каратист. Доколку некој е подобар од мене, нема да бидам дел од репрезентацијата. Откако Стојановски е претседател на КФМ, Македонија има и најголеми резултати“, изјави Павлов.

Ipon.mk/К.М.- В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО