На Европското првенство во Скопје ќе настапат 1563 кикбоксери од 37 држави

242

Македонија е домаќин на ВАКО Европското првенство за кадети и јуниори во кик бокс од 2 до 10 септември.

На татамите и рингот во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се појават 1.563 натпреварувачи од 37 земји. Најбројна е репрезентацијата на Русија со 176 натпреварувачи, па Полска со 150, Унгарија 138, Италија 112, а Македонија ќе настапи со 37 натпреварувачи, односно со победниците на Државното првенство.

Борбите ќе почнат на 5 септември, а до тогаш се мерењата и семинарите, додека финалните борби се на 8 и 9.

Репрезентациите пристигнуваат во Скопје, а се очекуваат и првите луѓе на ВАКО да присуствуваат на ЕП, претседателите на ВАКО Свет, Борисав Пелевиќ и Вако Европа, Рој Бејкер.

Од таборот на нашата репрезентација велат дека се е подговено за почетокот на Шампионатот и дека репрезентативците се подготвени и очекуваат да се продлжи низата на успеси, односно да освоиме неколку медали.

Ipon.mk/В.Д.