Одличната изведба на Назим Куртовиќ демо тим доби сјаен видео запис

Будо гала вечерта што се одржа кон крајот на 2016 година во Нови Пазар, Србија, а на која учествуваше Назим Куртовиќ демо тим со демонстрацијa на карате џуцу доби оригинален видео запис во целосна ХД технологија.

И тогаш пишувавме дека настапот на Мартин Ристовски, Алмир Алиспахиќ и Сунај Демири ја воодушеви публиката и ја врати вребата во каратето.

Покрај одличната изведба на тројцата извонредни каратисти ќе може да го видите и интервјуто на сенсеи Назим Куртовиќ кој е пречекан со највисоки почести, но и останатите презентации на оваа Будо гала вечер.

По оваа изведба коментарите на мајсторите на боречките вештини и на учесниците беа дека каратето не е умерно и дека живее, а некој го работи во изворна форма.

Би не радувале вакви видео записи и од нашите борилишта.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО