Џошуа го сака победникот од мечот Вајлдер-Ортиз

Ентони Џошуа е подготвен да се бори со победникот од мечот меѓу шампионот на ВБЦ Дионтеј Вајлдер и Луис Ортиз.

На 28 октомври Џошуа би требало да се бори со задолжителниот предизвикувач на ИБФ Кубрат Пулев. Иако тимот Ортиз се обидува да го искористи статусот на задолжителен предизвикувач од страна ВБА и бара одземање на појасот. Сепак, се чини дека Бугаринот е следниот противник на ВБА, ИБФ и ИБО светскиот шампион во тешка категорија.

Потоа би требало да се бори со задолжителниот предизвикувач на ВБА, но тоа би можел да го избегне ако Кубанецот се бори со Вајлдер во ноември.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, вели дека ако Вајлдер победи, тоа ја отвори вратата за двобој со Англичанецот налето во 2018 година.

“Слушам дека Ортиз би можело да се бори со Вајлдер и тоа е голема борба. Ако дојде до неа, ние би сакале да се бориме со победникот. AЏ ќе се бори против секого“, изјави за Скај спорт.

„Тоа нè приближува до борбата за обединување. Прво мораме да го решиме задолжителниот предизвикувач на ИБФ, а потоа го имаме ВБА предизвикувачот, кој може да биде Ортиз“.

Претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулејман, веќе го поддржа потенцијалниот дуел на Вајлдер и Џошуа.

„Ќе сториме се што е потребно и од суштинско значење со цел да се дојде до оваа борба. Тоа е борба што сакаат сите да ја видат. Џошуа е голема атракција и позитивен пример, како и Вајлдер. Двајцата непоразени шампион треба да се најдат во рингот што е можно поскоро. И двајцата имаат обврски што мора да ги завршат, така што следната година е вистинско време за средбата“, рече Сулејман.

Вајлдер и Ортиз ги советува Ал Хејмон, кој е во пријателски односи со Херн. Исто така, ниту телевизискиот пренос за САД нема да биде проблем, бидејќи Џошуа, Вајлдер и Ортиз имаат договори со Шоутајм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО