АктуелноДомашна сценаКарате
Јована Георгиева помина од Македонка во Олимпик спорт
Носителката на брозениот медал од Европското карате првенство за сениори, Јована Георгиева, во овој преоден рок ги смени клупските бои од Македонка – Штип помина во Олимпик спорт од Скопје. Јована на ВКФ ранг листата е на 52 место.
„Тоа е вистина. Јас студирам во Скопје, каде и живеам и морав да барам клуб во овој град. Потребни ми се повеќе натпревари, што во последно време ми недостигаа. Ќе учествувам на сите турнири во рамките на светската Карате 1 Премиер лига. Очекувам нови успеси“, изјави Јована Георгиева за Штипски асови.
Мора да истакнеме дека КФМ многу е нетранспарентнасо преодниот рок, а имаше и забелешки на одредни трансфери.
Ipon.mk/К.М. – В.Д.





