Жан-Клод Ван Дам се забавуваше со српската фолк ѕвезда (ВИДЕО)

Српската фолк ѕвезда Драгана Мирковиќ на своите следбеници на Инстаграм и се пофали со фотографии од Жан-Клод Ван Дам.

Актерот неколку дена поминал во Виена, каде што живее Драгана со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ.

Колку го воодушевил проводот со Драгана, Ван Дам го опиша и во видеото со кое бомбастично ја најави пеачката.

„Таа е голема ѕвезда на Балканот“, рече тој, а потоа ја замоли Драгана да ги поздрави неговите фанови на српски јазик.

„Овде се најдобрите, Жан-Клод и друштвото, многу ве сакаме и љубиме“, весело рече Драгана, која и самата се пофали пред нејзините фанови за дружбата со холивудската легенда.

https://www.instagram.com/p/BnlnQB5AZA6/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО