Холивудската ѕвезда Хали Бери велгува во ММА светот

Големата холивудска ѕвезда Хали Бери и претенденказа Оскар е решила да игра улога на ММА натпреварувачка во последниот филм.

Хале своето режисерско деби ќе го направи со Бруисд. Таа ќе го игра главниот лик – Џеки „Џастис/Правда“. Џеки е MMA натпреварувач, а сценариото е напишано од Мишел Розенфарб.

Се вели дека филмот ќе биде за ММА натпреварувачка во исклучително тежок период од животот, бидејќи не успева во единственото нешто во кое е добра – да се бори. Кога нејзиниот  6-годишен син Мани, кого го остава пред неколку години, се појавува на нејзината врата, Џеки треба да се соочи со своите демони, да се ипсрави пред еден од најстраотните ММА борци и да стане мајка, нешто што нејзиниот син го заслужува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО