Зголемен бројот на категории во аматерскиот бокс

Меѓународната асоцијација на аматерски бокс (АИБА) донесе одлука за зголемување на бројот на тежинските категории, информира прес-службата на АИБА.

Кај мажите наместо10 сега ќе има 13 категории, а за жените – 12.

Во машка конкуренција ќе ги има следните категории: до 48 кг, до 51 кг, до 54 кг, до 57 кг, до 60 кг, до 63,5 кг, до 67 кг, до 71 кг , до 75 кг, до 80 кг, до 86 кг, до 92 кг, над 92 кг.

Жните ќе се натпреваруваат во категории до 48, 50, 52, 54, 57, 60, 63, 66, 70, 75, 81 и над 81 кг.

Измените ќе стапат на сила на сите натпревари на АИБА за сите возрасти од 1 август 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО