Зеленски: Усик е вистински воин и херој! Ќе го победи Тајсон Фјури

Поминаа повеќе од две години откако Украина помина низ тежок период на војна.

Сега Александар Усик има нова можност да покаже дека никој што ја брани жолто-сината боја не се откажува. Усик ќе се врати овој викенд за да ги брани шампионските појаси во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

Доколку победи, ќе стане првиот неприкосновен шампион во тешка категорија. Неговиот противник Тајсон Фјури го држи последниот престижен појас, тој на ВБЦ. Двајцата ќе се борат во Ријад, Саудиска Арабија. Се разбира, Володимир Зеленски не можеше да не ја коментира оваа битка.

Претседателот на Украина се обидува да го мотивира својот шампион да ја добие оваа бorbа не само за себе, туку и за целата нација разорена од војна.

„Александар е вистински воин и херој. Тој застана покрај својата земја кога почна војната, а таа земја ќе застане покрај него и сега. Сите нè направи неверојатно горди во борбата со Ентони Џошуа.

Цврсто верувам дека сега повторно ќе го направи тоа. Целиот свет повторно да ја слушне украинската химна, која е симбол на храброста и победата“, изјави Зеленски преку Дејли мејл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. The Cat. Oleksandr (@usykaa)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО