Висенте Луке ќе има мала предност во однос на Белал Мохамед за претстојниот главен меч на УФЦ на ЕСПН 34. Тие ќе се соочат во Лас Вегас во полусредна категорија.
Бразилецот се покажа дека е 220 грама потежок од противникот кога застана на вагата. Двајцата успешно го поминаа последниот тест пред да влезат во октагонот. Луке ги закова стрелките на 77,56 килограми, а заедно со Мохамед покажаа одлична форма и дадоа надеж дека ќе бидеме сведоци на спектакл во недела наутро.
The #UFCVegas51 main event rematch is official ⚖️ pic.twitter.com/ssT9iTzQW7
— ESPN MMA (@espnmma) April 15, 2022
Во средната категорија Кајо Борало и Гаџи Омаргаџиев имаат апсолутно идентична тежина. И двајцата ја поминаа минималната граница на категоријата, влегувајќи во битка со 84,37 килограми.
ГЛАВНА КАРТА
Средна категорија: Висенте Луке (77,56) – Белал Мохамед (77,34)
Средна категорија: Кајо Борало (84,37) – Гаџи Омаргаџиев (84,37)
Средна категорија: Мигел Баеза (77,56) – Андре Фиљо (77,56)
Категорија петел, жени: Мира Силва (61,69) – Јанан Ву (61,69)
Категорија на перо: Пат Сабатини (66,23) – Ти Џеј Ларами (66,00)
Полусредна категорија: Мунир Лазез (77,56) – Анжер Луса (77,56)