ОстанатоЏудо

Заврши настапот на џудистот Никола Магдески на Европскиот младински олимписки фестивал

Заврши настапот на нашиот репрезентативец во Џудо Никола Магдески -66 кг на Европскиот младински олимписки фестивал во Марибор – Словенија.

Магдески во првото коло загуби против словачкиот репрезентативец Одкладај Јурак, при што согласно системот за натпревари не доби право на репесажна борба.

Со оглед дека оваа категорија беше една од најмасовните и најсилните нашиот натпреварувач не успеа да се избори за повисок пласман.

Сепак, учеството на ваков престижен натпревар со најдобрите џудисти од цела Европа претставува пред се искуство, мотив, чест но и обврска да се продолжи со континуиран тренажен процес.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON