Стипе Миочиќ истакнува дека Фјури е фаворит против Нгану, но се може да се случи во борба

Американско-хрватскиот борец Стипе Миочиќ се враќа во октагонот во ноември, по пауза од повеќе од две и пол години, на настанот УФЦ 295 во Медисон сквер гарден.

Пожарникарот од Кливленд се бори со шампионот Џон Џонс за титулата во тешка категорија на најголемата светска ММА организација.

А Стипе ја имаше последната борба во март 2021 година кога загуби со нокаут во втората рунда против Френсис Нгану.

Во едно неодамнешно интервју, тој се потсети на тие денови …

„Се вратив дома, уживав во животот и се грижев за семејството. Потоа во август ми се роди синот и тоа многу ми помогна да не размислувам за ништо друго“, изјави Стипе Миочиќ и додаде дека не бега од евентуална трета пресметка против Камерунецот:

„Сакав реванш против Нгану, но тоа не се случи. Но, тој е на подобри работи сега, резервира боксерски меч против Тајсон Фјури и ќе заработи добри пари“.

Миочиќ ја почувствува силата на Франесис во две борби против камерунскиот напаѓач, па може да процени какви шанси има Нгану на мечот против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

„Нганоу го чека тешка борба, но има сила. Ќе биде добар меч. Фјури е фаворит, но се може да се случи во борба. Френсис диво замавнува и силно удира“, нагласи Стипе Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО