Застрелан трикратен светски шампион во кик бокс

musalaev-zastrelan

Повеќекратниот светски шампион во кик бокс, Муса Мусалаев, е застрелан пред својот дом во Германија, соопшти Аугсбургер алгемајне.

Убиството е извршено во петокот (18 ноември). Според првичните податоци, непознат сторител испукал неколку куршуми во телото на рускиот спортист пред неговиот дом во Ноа Улм, по што избегал од местото на настанот со автомобил.

37-годишниот Русин има 17 кик бокс средби и 15 борби во ММА и нема ниту еден пораз. Од 2013 година, заедно со сопругата и трите деца, живее во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО