Боб Арум: Ломаченко е најдобриот борец што сум го видел по младиот Мухамед Али

lomacenko-loker

Боб Арум овој викенд го организира својот 2000-ти боксерски настан.
Американецот кој следниот месец ќе надополни 85 години видел, водел кариери и организирал на некои од мечевите на најдобарите боксери на сите времиња.

muhamed-ali-bob-arum
Вопочетокот на оваа година Арум ја прослави 50-годишнината од својата прва бокс приредба – мечот меѓу Мухамед Али и Џорџ Чувало. Пред тоа дипломецот од Харвард работеше во Министерството за правда на САД. Покрај сите великани кои поминале преку неговата Топ ранг промоушнс  мисли дека Васил Ломаченко е еден од ретките.

„Васил Ломаченко  е најдобар борец, технички најдобар борец што сум го видел по младиот Мухамед Али. Имаше многу голема боксери, технички брилијантни боксери. Алексис Аруело е еден од нив. Флојд Мејведер, секако. Мани Пакијао. Но, никој, никој со вештини што ги поседува Васил Ломаченко“.

Ломаченко благодарноста на својот промотор не ја доживеа само како промотивна алатка, туку како стандард до кој ќе мора да се држи во своите борби.

„Тоа ќе ми даде дополнителна мотивација, бидејќи многу луѓе ќе речат дека тоа не е вистина. Тоа ми дава многу нова мотивација, но исто така и многу дополнителна работа на тренинзите. Морам да го направам она што Боб им го вели на луѓето и поради што верува во мене. Мемам простор за многу грешки. Морам да бидат концентриран и мотивиран за да докажам дека Боб е во право“.

Што се однесува до борбата со Николас Волтерс, двократниот олимписки шампион рече:

„Мислам дека ќе биде многу, многу, многу тешко во првите четири рунди, но потоа ќе се обидам да дојде до прекин“.

Вели дека за време на долгата аматерска кариера никогаш немал проблем со ударачите.

„Ако зборуваме за аматерите, ударачите никогаш не направија кариера. Обично три рунди не беа доволни. Ударачите се професионални, не аматерски боксери“.

„Во борбите, боксери секогаш имаат некоја предност еден над друг. Било да се работи за подолг распон на рацете, поголема тежина или висина. Како ќе го искористам неговоит подолг распон на рацете во своја корист? Ќе дознаете во сабота“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО