Зарем и тука? Сонен елиминиран од ТВ шоуто на Трамп поради мамење (ВИДЕО)

Kael Sonen isprcen

Два дена откако е поразен од Тито Ортиз во својата повратничка ММА борба, емитувана епизода на емисијата „Celebrity Apprentice“, во која Каел Сонен е елиминиран од понатамошното натпреварување. И тоа заради мамење!

Сонен одлучил да направи дефект на компјутерот за да и обезбеди повеќе време на неговата екипа за да ја завршат работата, што сепак накрајот е откриено и Арнолд Шварценегер, кој е домаќин на шоуто наместо на авторот, а сега претседател на САД, Доналд Трамп, го рече она познатото „Ти си отпуштен“!.

Во видеото подолу видете што направил Каел. Тој својот потег не го смета за мамење, туку рече дека станува збор за генијален потег. Сепак, Шварценегер не размислуваше така и Сонен веќе во четвртата епизода ја заврши својата улога во шоуто.

https://youtu.be/wSn2gVRaqYU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО