Мирза Сендиќ по чудниот пораз на МФЦ: Мислев дека паднав од лево кроше, а сум паднал од премореност! (ВИДЕО)

Miraz Sendik go udira Zoran Dzodz

Мирза Сендиќ кој настапи на Муња фајтинг чемпионшип (МФЦ) во Загреб на 21 јануари на чуден начин ја загуби борбата од Зоран Џоџ во категоријата до 77 килограми.

Штипјанецот Сендиќ влегол се некои свои проценки дека е во блага предност, бидејќи протовникот е борач во грчко-римски стил и боксер и дека во клинчот ја преферира левата страна, а и тоа дека симнал 10 килограми за да се спушти во категоријата до77 килограми. Инаку, вообичаено, настапувал во категорија -84.

„Поради сето ова малку сум разочаран, затоа што во текот на борбата премногу брзав да освојам подобри партер позиции и да ја затворам гилотината, што се покажаа како фатални грешки. Исто така сум лут на самиот себе што во моментот кога се одвовивме од клинчот јас повеќе немав сила и кондиција и почнав да мавам со се и сешто за да го погодам, бидејќи очекував дека можеби ќе го поткачам и ќе го нокаутирам. Во главата имав малку поразлична тактика за борбата, но, за жал, не успеав да ја реализирам“, вели Сендиќ.

Miraz Sendik noga so Zoran Dzodz

Иако борбата беше егал, во последенмомент направи грешка која скапо го чинеше, односно борбата се заврши со прекин.

„Навистина не знам што се случи. Искрено, моето мислење беше дека паднав од лево кроше, но кога го кажав тоа на мојот тим тие рекоа дека сум паднал поради измореност. Но, кога ја прегледав борбата видов дека сум примил удар во стомакот при влезот во нози, удар што во тој момент не го почуствував, односно не ни знаев што чуствувам и што се случило. Така, многу тешко е да се објасни што се случи во последниот момент на борбата. Порано во моите натпревари во кик бокс и бразилско џиу џицу тешко ги надминував поразите, но сега знам дека никогаш нема пораз, само лекција. Затоа не тагувам многу за овој пораз, бидејќи се враќам на тренинг уште следната недела, за да тренирам појако и да ги поправам грешките. Голема мотивација исто така ми беше и тоа што во соблекувалната за добрата борба ми честитаа и УФЦ борецот Игор Покрајац и хрватскиот борец Матеја Трухан“, раскажува емотивно Мирза Сендиќ од ММА клубот Самурај.

Овде погледнете го ВИДЕОТО.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО