Заради кражба на пиво уапсен поранешен светски првак

Мексиканските медиуми објавија дека поранешниот светски шампион Орландо Салидо е уапсен во неговиот роден град Сиудад Обрегон во државата Сонора.

37-годишниот боксер, кој е и политички кандидат на локалните избори, уапсен е утрово за наводно крадење 16 лименки пиво од продавница.

Боксер е уапсен нешто пред 7 часот по пријава за кражба на алкохолни пијалоци.

Продавачот му рекол на боксерот кој бил придружуван од тројца мажи дека пивото не смее да се продава пред 8 часот наутро.

Мажите го игнорирале и излеле со пивото без да платат.

Повикана е полицијата, боксерот е уапсен и однесен во полициската станица. Пуштен е околу 11:30 часот по плаќањето кауција во еквивалент од 40 американски долари.

Салидо имаше проблеми со законот за Новата година, откако степа во бар во Сонора.

„Сири“ (44-14-4, 31 КО) последен пат се бореше во декември минатата година кога загуби со нокаут од Мигел Роман. По тоа разочарување најави повлекување од спортот, но во меѓувреме се премисли.

Салидо е единствениот професионален боксер кој го победил Васила Ломаченко. Мексиканцот го победи Украинецот со поделена одлука во неговата втора професионална борба во март 2014 година.

Повеќе пати преговараа за реваншот, но не успеаја да се договорат за условите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО