Загина К-1 борецот Коичи

Загина К-1 борецот Коичи Ватанабе, познат и како Коичи Петтас.

37-годишниот Јапонец смртно настрада во сообраќајна несреќа кога на неговиот скутер налетало друго возило.

Како професионалец дебитираше во 2005 година, а првата борба за К-1 ја направи во Истанбул каде што е поразен од Фреди Кемајо. 2009 година на К-1настанот на Хаваите на поени го порази Рико Верховен.

Четири пати се бореше за Глори. Во првиот настап го нокаутира Американецот Марк Милер, а потоа два пати загуби од Џером Ле Банер и од Ренди Блејк.

Последен пат се бореше минатиот ноември на Г-1 Гран-при во тешка категорија. Во четвртфиналето е елиминиран од Ибрахим Ел Буни, кој во финалето го загуби Антони Плазибат.

Се бореше под името Коичи Петас во чест на неговиот тренер, поранешниот грчко-дански К-1 борец Николас Петас.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО