Нова снимка од дивеењето на Мек Грегор (ВИДЕО)

УФЦ објави нови и најдобри снимки од дивеењето на Конор Мек Грегор во Баркли центарот во Њујорк пред УФЦ 223.

Во главното борба на настанот Хабиб Нурмагомедов се бори со Ал Јакинта за титулата во лесна категорија која досега ја држеше ирската ѕвезда.

Во случајот без пресеадн, УФЦ по секоја цена сакаше да се одржи борбата за титулата во која ќе учествува Нурмагомедов.

Откако замената Макс Холовеј не доби лекарска дозвола, очајнички се бараше нов противник и откако не успеаја да ги договорат Ентони Петис и Пол Фелдер, на крајот изборот падна на Ал Јакинта, кој, ако се смета Тони Фергусон, ја откажа борбата со Русинот пред една недела, е  пети избор за противник на Хабиб.

Сето ова сугерира дека постојат планови за голем меч меѓу Нурмагомедов и Конор Мек Грегор,кој со сцената кој аја направи во Баркли центарот го сврте вниманието на светските меидуми и донесе дополнителен интерес за нивната борба.

https://www.facebook.com/UMediaDigitalMarketing/videos/1023096074524574/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО